RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Извршна пресуда во корист на ССЕРИ за СО АД ЕЛЕМ

Почитувани колеги

Со оваа прилика сакаме да ве известиме за  извршната пресуда во корист на Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика,Рударсво и Индустрија на Р.Македонија-ССЕРИ, со која го задолжува работодавачот АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ да исплати материјални средства на сметка на синдикатот поради неправилно,самоволно,злоупотребувајќи службена положба ,задржани средства кои се предвидени со колективниот договор а се однесуваат за работа на синдикатот.

Оваа пресуда е уште еден доказ за заложбите на ССЕРИ во остварувањето на синдикалните права и слободата во синдикалното организирање и делување , но исто така претставува и доказ за злоупотребата на одредени раководни структури кои во тој период се наоѓаа на раководни места во АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ.

Исто така сакаме да истакниме дека ја имаме добиено и пресудата со која се налага на работодавачот АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ да ја врати состојбата со ССЕРИ-Синдикална организација АД ЕЛЕМ во состојба ПРЕД да одлучува и располага со средствата на синдикатот ,односно да овозможи нормална работа на ССЕРИ со задршка на членарина,канцеларии односно да постапи по пресудата и членовите од колективниот договор.

Во прилог е пресудата  

25-06-2019 20mil-001

25-06-2019 20mil-002

25-06-2019 20mil-003

25-06-2019 20mil-004

25-06-2019 20mil-005

25-06-2019 20mil-006

25-06-2019 20mil007

25-06-2019 20mil-008