RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

ДОСТА Е,ПРЕТЕРАВТЕ- протест за работнички права

 

„Една од постојаните повреди кон КСС се однесува на членовите на  Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија – ССЕРИ  чиешто членство во синдикатот беше прекинато по административно пат и беа префрлени во друг синдикат активен во секторот; оние кои го оспорија тоа мешање беа преместени на работни места во оддалечени делови во државата и се соочија со друг притисок и дискриминација.
КСС апелираше до инспекторатот за труд и иницираше судска постапка во соодветниот суд. Додека судот донесе одлука во корист на членовите на КСС,  го препозна  прекршувањето на слободата на здружување и одлучи сите работници кои беа трансферирани во друга  синдикална организација да се вратат како членови на ССЕРИ при КСС, оваа пресуда не беше имплементирана во пракса.“- е само исечок од дописот од  Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК) во солидарност и поддршка на протестот на КСС.

На линкот  https://kss.mk/%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%84%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%b4/  

можете да го прочитате во целост protestдописот за подршка за синдикалниот протест кој ќе се одржи на 15-04-2021година .

 

Самостојниот синдикат на Работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Р.Македонија ССЕРИ, Синдикална организација на АД ЕЛЕМ- СО АД ЕЛЕМ, ги повикува сите слободоумни граѓани,работници,студенти и сите останати кои сметаат дека им се загрозени или прекршени работничките права , со свое присуство да дадат допринос за подобрување и спречување во кршењето или попречувањето на работничките права, загарантирани со устав,закон за работни односи и меѓународни конвенции .