RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

28-ми Април Сведски ден за безбедност и здравје на работните места

На сите работници им е загарантирано правото на безбедно и сигурно работно место ,од сите ризици и опасности .

Безбедните и сигурни работни услови не се привилегија, тие се обврска на секој работодавач

28april BZR den

 

Обврските на вработените на полето на безбедноста и здравјето при работа не влијаат врз начелото за одговорност на работодавачот. Работодавачот ги спроведува мерките за безбедност и здравје при работа врз основа на следниве основни начела:

– избегнување на ризици;
– проценување на ризиците кои не може да се избегнат;
– справување со ризиците на самиот почеток;
-прилагодување на работата кон поединецот особено во однос на карактеристиките на работното место и работната средина;
– изборот на личната заштитна опрема;
– изборот на хемиски супстанци или препарати;
– изборот на работни и производни методи;
– спроведување на мерките потребни за одржување и зајакнување на здравјето;
– прилагодување кон технолошкиот напредок;
– замена на опасното со безопасно или помалку опасно;
– развивање на целосна безбедносна стратегија која опфаќа, технологија,
организација на работа, работни услови,меѓучовечки односи и фактори кои влијаат врз работната средина;
– давање приоритет на колективните безбедносни мерки наспроти поединечните мерки,
– обезбедување на соодветни упатства и инструкции и известувања на вработените.

Во изминатата година, многу пати укажавме дека согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности САРС-КоВ-2 е запишан како корона вирус од фамилија “coronaviridae”, што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси и заштита на работниците од ризици, за вирусите од фамилијата “coronaviridae” имаме утврдено безбедносно ниво 2 (два) исто како и европското законодавство.

Од појавувањето на корона вирусот, КСС заедно со стручните лица за заштита при работа од Македонското здружение за заштита при работа, бара од институциите во целост да ги спроведат законите и на сите работници кои што заболеле на работното место или се во самоизолација да им се исплаќа 100% плата.