RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Нема место за каприц и хирови во Синдикалното организирање

Почитувани колеги

Во оваа прилика сакаме да Ве информираме за уште една добиена пресуда во корист на ССЕРИ а се однесува за повторување на постапка која веќе еднаш е досудена во наша корист , по истата се постапува и им се изрекува казна на компанијата поради неспроведување на СУДСКА ОДЛУКА од страна на раководството на АД ЕЛЕМ-ЕСМ, а во овај случај за повторување е понесена од страна на работодавачот АД ЕСМ

Имено се работи за судска одлука со која треба работодавачот АД ЕСМ да обезбеди услови за работа и задршка на членарина за Самостојниот синдикат на Работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Македонија-ССЕРИ – Синдикалната организации на АД ЕЛЕМ и Синдикалните подружници . Во оваа постапка работодавачот како клучен момент за повторување на постапката ја наведува изјавата на претходниот претседател кој изјавува дека немало попречуавње во спроведување на синдикални избори, дека членството се само организирало и преминало во друг синдикат, дека немало попречување и одземање на синдикални канцеларии и многу други небулози и лаги , кои судот ги препозна и во целост ги отфрли .

Изјавата на претходниот претседател за жал е уште еден доказ како нетреба и несмее да се однесува синдикален лидер , доказ како несмееме да го ставаме каприцот пред опшественото .

За на крај би го издвоиле заклучокот од судот во кој се нотира : отворен цитат„ овој суд смета дека дадената изјава на Димче Дамчевски е во насока да му помогне на предлагачот-тужениот во донесување на поинаква одлука, а со цел избегнување на исполнување на обврските кои произлегуваат од донесената првостепена пресуда на овај суд која е потврдена со пресуда на Апелациониот суд Скопје, што е видно од доказите кои полномошникот на противникот-тужителот ги достави на рочиштето по предлог за повторување на постапката од 01.10.2021 година, а кои се во врска со извршувањето на правосилната пресуда на овој суд“ затворен цитат.

Во продолжение е дел од пресудата 

statutarno str 1 povtoreno

statutarno str 3 povtoreno

statutarno str 4 povtoreno

statutarno str 7 povtoreno