RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Правосилна пресуда во корист на Синдикатот на СП ФОД ДООЕЛ

Почитувани

Подолг период наназад УКАЖУВАМЕ дека раководствата на ФОД ДООЕЛ Новаци работи НЕЗАКОНСКИ и ДИСКРИМИНАТОРСКИ фаворизирајќи синдикат пандан на раководството на штета на синдикатот на СП ФОД ДООЕЛ Новаци при Синдикална Организација на АД ЕЛЕМ при Самостојниот синдикат на Работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Македонија-ССЕРИ.

Како доказ за незаконското постапување на раководството на ФОД ДООЕЛ Новаци е уште една правосилна пресуда во корист на Синдикатот на СП ФОД ДООЕЛ- ССЕРИ која Ви ја пренесуваме во продолжение.

Залудни се сите притисоци од страна на раководството насочени кон синдикалниот претставник Соња Андријаниќ од обликот на преместување на работно место, преместување со решение, континуирани дополнителни задолженија, и што уште не кои се со една единствена цел а тоа е да се откаже синдикалниот претсавник од правата и обврските за заштита на работничките права. 

Овие „МЕТОДИ“ само и даваат сила и мотивација на  синдикалниот претставник за истрајнос во остварување на правата на работниците и докажување дека работодавачите не се над работниците и синдикалните претставници, дека работодавачите не се наоѓаат во ФЕУДАЛНО ОПШЕСТВО и дека треба да престанат да се однесуваат како такви.  

За на крај неминовно е да се напомене дека направената материјална штета која компанијата треба да ја исплати кон синдикатот е направена од страна на раководството на ФОД ДООЕЛ Новаци и дека за истото треба да си сносат одговорност и да се соочат со последиците.

Пресуда РОЖ 178-21 СП ФОД ДООЕЛ page-0001-min

Пресуда РОЖ 178-21 СП ФОД ДООЕЛ page-0002-min

Пресуда РОЖ 178-21 СП ФОД ДООЕЛ page-0003-min

Пресуда РОЖ 178-21 СП ФОД ДООЕЛ page-0004-min

Пресуда РОЖ 178-21 СП ФОД ДООЕЛ page-0005-min