Барање за зголемување на плата во 2023година
Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на РМ
Синдикална организација АД ЕЛЕМ
Почитувани колеги
Во продолжение ви го пренесуваме интегрално дописот кој оваа година е пуштен до Управниот одбор на АД ЕСМ со надеж дека оваа година за разлика од претходната 2022 година реално ги согледаа работите ,дека инфлацијата си го направи своето, дека платите на работниците во ЕСМ се обезвреднети во поглед на куповната моќ и дека крајно време е платите на стожерот на елелтроенергетскиот сектор бидат на достоинствено ниво.
До: Управен одбор на АД ЕСМ
Предмет: Барање за промена на најниската плата во друштвото
Почитувани,
Како одговорна Синдикална организација на АД ЕЛЕМ при ССЕРИ го доставуваме ова барање за зголемување на најниската палта за полно работно време во друштвото со цел подобрување на економско социјалната положба на нашите членови-ваши вработени .
Врз основа на позитивните законски прописи и чл.55 од Колективниот договор на АД ЕЛЕМ-АД ЕСМ е предвидено најниската плата за полно работно време во друштвото да изнесува 181,5 ЕУР,за кое бараме да се промени и да изнесува 50% од просекот на државата и претставува основица за пресметка на плата.
Пример, во Ноември 2022 просечна исплатена плата во Македонија според Државен завод за статистика е 33.011,00 денари,а 50% од 33.011,00 денари би биле 16.505,00 денари кои би биле основа за најниска плата во Друштвото и според не да се врши пресметката за плати, плус целата плата зголемена за порастот на животни трошоци
Втор предлог за пресметка на плата е корекција на член 55 каде сумата од 181,5 ЕУР се замени со најниската плата на ниво на Држава која во моментот изнесува 18.000,оо денари,плус целата плата зголемена за порастот на животни трошоци.
Барањето го сметаме за комплетно издржано и оправдано со оглед на зголемените животни трошоци и намалената куповна моќ на нашите работници.
Како трета опција предлагаме да се зголеми линеарно платата на сите вработени во АД ЕСМ за сума од 7.000,00 денари.
Се надеваме дека УО на АД ЕСМ ќе излезе во пресрет на ова Барање, во насока на обезбедување на подобри услови за подобрување на економско - социјалната положба на сите вработени во АД ЕСМ , но и во целост го подобри имџот на Друштвото као одговорна компанија која се грижи за своите вработени.
Со почит,