RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Како до топлификација на регионот

topl

На тема „Трансфер на технологијата за инсталирање и работење на мрежа за централно греење", се одржа четвртата по ред работилница во рамките на проектот Телетерм „Пренос на знаења за централно греење на Битола и Новаци". Проектот го реализираат општините Битола и Новаци во партнерство со општинската организација за централно греење за поширокиот регион на Аминтео, Детепа.

 

-Сите овие работилници кои досега ги реализиравме, имаме уште една до крајот на проектот, водени од страна на професорите Игор Неделковски и Зоре Ангеловски, со нив разговараме за позитивните страни на проектот. Целта на проектот е да се подигне нивото на знаење на нашите граѓани за значењето на овој проект, а исто така да го промовираме колку е позитивен за нас, како за граѓаните така и за земјоделското производство, изјави Виолета Налевска, Општина Битола.

Во рамките на проектот се изработија две ДВД-ја.

-Денес го промовиравме второто, како сублимат на сите активности на овој проект, 4 билтени за да се информираат граѓаните од двете страни, македонската и грчката. Најзначајна е изработката на техничката студија, која треба да ја изработи Општина Битола, во тек е тендерска процедура, очекуваме до крајот на март 2013 да ја имаме комплетна техничката студија, изјави Налевска.

Телетерм се смета за проект од големо значење за рационалната употреба и заштеда на енергија, односно топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термо централата РЕК Битола. Финансиран е од ИПА, програмата за прекугранична соработка.