RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Енергетска Битола

pres vmro marija

„ Од причини што списокот е подолг, ќе се задржиме само на дел од проектите кои се поврзани со нашиот регион.

Во тек е модернизација и автоматизација на агрегатите во РЕК Битола , вредна 55,9 милиони евра со која ќе се продолжи работниот век на термоблоковите.

Во август ќе започне обновување и модернизација и на котлите вредна 88 и пол милиони евра со која ќе се зголеми ефикасноста при искористувањето на јагленот.

Во тек се активности за целосно отворање на експлоатацијата на Подинска јагленова серија во рудникот Суводол со ископ на усек и изградба на бунари за одводнување.

Во 2013 година започнуваат истражувањата на јагленовото наоѓалиште Живојно. Проект вреден околу 100 милиони евра .

До крајот на годинава треба да биде оформен и проектот за рудник и термоелектрана во Мариово со проценета моќност од околу 300 мегавати и вредност од над 400 милиони евра" рече Марија Дробова од ВМРО ДПМНЕ.