RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Коњановски во посета на Мариово

konjanovski

Заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски во придружба на градоначалникот на Новаци Лазар Котевски денеска беше во посета на Старавина каде оствари средба со сточарите.

Откако извесен период патиштата низ Мариово беа завеани поради интензивните снежни врнежи, деновиве состојбата е нормализирана, меѓу другото и со помош на РЕК Битола и Македонски шуми. Сточарите го информираа Коњановски дека имаат штети кај стоката поради неможноста да донесат храна за истата, заради завеаните патишта. Коњановски ги информираше и за помошта преку субенции што државата ја овозможува и преку новата земјоделска програма за оваа година.