Студот го падна системот на РЕК
Поради дефект на 400 киловолтен прекинувач во трафостаницата „Битола 2" во надлежност на АД МЕПСО, реагираше заштитата на термоблоковите во ТЕ Битола, при што
трите агрегати беа исклучени од електроенергетскиот систем на Република Македонија, објави ЕЛЕМ. Во тек е процедура на вклучување на термоблоковите во електроенергетскиот систем и целосно нормализирање на состојбата со производство на електрична енергија .
Недостатокот на електрична енергија се надополнува со производство од хидрокапацитетите. Се огласија и од МЕПСО.Заради екстремно ниски температури во регионот на Битола, кои во ноќните часови биле пониски од - 25 целзиусови степени, настана дефект во електроенергетскиот систем (РЕК Битола и ТС 400/110 kV „Битола 2") на чие отстранување работат стручни лица, а причините дополнителни ќе ги утврди надлежна стручна комисија. И покрај дефектот, нема безнапонска состојба и сите точки на мрежата добиваат напојување со електрична енергија.