Одбележан денот на рударите
Генералниот директор на ЕЛЕМ, како и раководството на РЕК Битола денес во рудникот Суводол им го честитаа на рударите денот кој се одбележува во нивна чест. Им се заблагодарија за пожртваноста и храброста која ја имаат, а на најдобрите рудари им беа врачени награди и признанија.
-Не е лесно да се најдат обични зборови со кое ќе се искаже вашата исклучително тешка, исцрпувачка, опасна и одговорна работа, рече Мирко Ристевски, директор на РЕК Битола.
Во рок од една година биле постигнати добри резултати благодарение на нивните натчовечки напори.
-Вкупно ископана јаловина од 19 милиони 889 илјади метри кубни јаловина, рече Сашо Јовчевски, директор на рудници.
Генералниот директор на ЕЛЕМ посочи дека рударите се најважниот чекор во производствениот чекор.
-Свесен за сложеноста на работата која ја извршувате, како раководство на ЕЛЕМ, правиме и ќе правиме се во нашите можности да ги унапредиме и осовремениме условите за работа со посебен аспект за безбедноста на опремата и луѓето, изјави Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ.
Чинговски дополни дека во тек се испитувањата на јаглен во Живојно и Мариовскиот басен кои се во функција на долгорочно обезбедување на енергетски суровини како и продолжување на работниот век на РЕК Битола и поголема енергетска стабилност на целата држава.