RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Синдикатот на РЕК за денот на рударите

SINDIKAT REK 001

Денеска членовите на синдикатот на РЕК Битола го одбележаа својот празник, Денот на рударите, кој воедно се совпаѓа со големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

„Како и секоја година и годинава се одбележува Денот на рударите Пресвета Богородица, во тој период ние го одбележуваме со работнички спортски игри во 7 дисциплини. За фудбал беа пријавени 15 екипи, за кошарка 16 екипи. Работата на синдикатот е насочена според правилникот за работа кој секога година го носиме, во него си издвојуваме пред се бенефиции за вработените со превентивни одмори, со одбележување на нашиот ден, со финансиска помош на вработените за болести или за некои нивни потреби.

SINDIKAT REK DIMCE

И натаму како Синдикат не отстапуваме од она што им припаѓа на нашите вработени" изјави претседателот на синдикатот на ЕЛЕМ и на синдикатот на РЕК Битола, Димче Дамчевски.