Посета од Европската Синдикална Делегација
Информирањето и консултирањето на синдикатите – клучен фактор за подобрување на социјалниот дијалог
Синдикалната делегација од Европката унија составена од синдикатите на Бугарија,Романија,Полска и Шпанија беа во еднодневна посета на Рударско Енергетскиот Комбинат-Битола во која остварија посета и со генералниот директор г-дин. Мирко Ристевски кои ги запозна со состојбите и соработката со Синдикатот на а.д.ЕЛЕМ.Делегацијата беше запозната и со работата на Термоелектраните и Рудниците.
Синдикатот на а.д.ЕЛЕМ присуствуваше и на семинар кој се одржа во Битола на кој зедоа учество и горе споменатите синдикални делегации. На семинарот се разговараше за активностите кои се превземени во нивните држави за подобрување на работничките права и кои активности во иднина планираат да ги превземат.
Семинарот е подржан од Европската Унија за подобрување ка социјалниот диалог.
Синдикатот на а.д.ЕЛЕМ претходно зеде учество и на семинарот кој се одржа во Бугарија а за семинарот во Романија беше спречен да учествува поради Синдикални избори.