RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Дефиниција на мобинг

 
 
legislativa

Дефиниција на мобинг согласно Законот за работните односи (Сл.весник на РМ 114/09)

Психичко вознемирување на работно место (мобинг)


Член 9-а

(1) Забранет е секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг). 

(2) Психичко воземирување на работно место (мобинг) преставува дискриминација во смисла на членот 6 од овој закон.

(3) Психичко вознемирување на работно место (мобинг), во смисла на овој закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

(4) Извршител на психичко вознемирување на работното место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување во смисла на ставот (3) од овој член, без оглед на нивното својство “работодавачот како физичко лице, одговорно лице или работник “.

 

Товар на докажување во случај на спор


Член 11

(1) Ако кандидатот за вработување, односно работникот, во случај на спор изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на членовите 6 и 9 од овој закон, на работодавачот е товарот на докажувањето дека немало каква било дискриминација, односно дека постапил во согласност со членовите 6 и 9 на овој закон, освен ако докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците од членот 8 на овој закон.

(2) Во случај на спор, кога е постапено спротивно на членот 9-а од овој закон, товарот на докажувањето паѓа на поединец или група против кој е поведен спор за вршење на психичко вознемирување (мобинг) на работно место, освен ако докажат дека различниот третман е направен поради исклучоците од членот 8 на овој закон.

(3) Поради поведување постапка за правна заштита од психичко вознемирување на работното место (мобинг), како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може на посреден или непосреден начин да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување.

Ова е само еден дел од законот. Повеке информации за законот за мобинг можете да најдите на интернет страницата од Службениот весник на Р.М.

   Исто така можите да се послужите и со линкот http://mobing.mk/mobing-info

 Доколку иамте некои нејаснотии и сакате да се информирате или пријавите Мобинг , истото можите да го направите и во самата организација.

 Пријавувањето и информирањето можите да го направите со посредниците за разрешување на споровите за мобинг , кои се избрани и назначени во самата организација.Посредници за разрешување на споровите се:

1.Марија Котевска Димовска-психолог

2.Никола  Колевски-психолог

3.Анастасија Шалевска-социјален работник

4.Мирјана Ѓоревска-социјален работник

5.Благоја Јошевски-социјален работник

6.Димче Дамчевски

7.Кети Стојановска

8.Оливер Спирковски

9.Жарко Краус

10.Анита Змејковска