RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Закани по живот на синдикален претставник

Закани по живот на синдикалниот претставник и неговото семејство

 

На ден 16.08.2022година по поштенски пат на домашна адреса пристигна закана по живот за претседателот на Синдикалната организација на ФОД –ССЕРИ.

Заканата е да се откажи од СИНДИКАЛНАТА работа или ќе проплука крв и со други закани по нејзиниот живот и нејзините блиски

Случајот е пријавен во полиција и се надеваме на брза и ефикасна реакција од надлежните институции со цел изнесување на заканувачот-сторителот на оваа закана пред лицето на правдата.

СИНДИКАЛНАТА РАБОТА И СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ОВАЈ МОМЕНТ Е ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТОТ И Е ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ , поготово за синдикалните претсатвници на Самостојниот Синдикат на работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Македонија - ССЕРИ.