Синдикални избори 2017год.
до вработените во РЕК Битола
И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани колеги и членови на Синдикатот,
Поради започнување на постапката за Избор на Претседател на Синдикалната подружница на РЕК Битола и членови на Синдикалниот одбор потребно е да се формира Синдикална Изборна Комисија. За таа цел ве повикуваме сите кои што сакате да бидете членови на Изборната Комисија и да учествувате во спроведувањето на синдикалните избори за преседател на Синдикатот и членови на Синдикалниот одбор, да се пријавите најдоцна до 11-08-2017год.,во канцелариите на синдикалната подружница во Рудник и Термо.
Во случај доколку се пријават повеќе заинтересирани за учество во работата на Синдикална Изборна Комисија, Претседателот на Комисијата има право да избере членови од вкупниот број на пријавени.
Веруваме дека ќе прoјавите интерес за оваа синдикална активност и ќе земете активно учество во спроведувањето на синдикалните избори.
Претседател на СО ,СП-РЕК Битола
Диче Дамчевски