Облик на ПРИТИСОК врз членството на ССЕРИ
ПОЧИТУВАНИ
Сакаме да Ве информираме за постојаниот и континуиран притисок кој го врши работодавачот преку своите раководни лица, врз членовите на Самостојниот Синдикат на работниците во енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ), синдикат кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
Притисоците се во толкава мера, што се дрзнаа да делат ОТКАЗНИ решенија со понуда на нов договор за работа, каде нашите членови се распоредуваат во друга подружница на друштвото, повеќе од 100 км одалеченаод нивното место на живеење. Конкретно на наши членови, меѓу кои има и Претседатели на Синдикални Подружници на АД ЕСМ (ЕЛЕМ),еден од нив е Претседателот на Синдикална Подружница ЕНЕРГЕТИКА- Скопје, Димче Грков, кој е и член на Претседателството на ССЕРИ, се распоредува со нов договор во Подружница РЕК Осломеј, Кичево.
Со ова известување сакаме да напомениме, дека се кршат сите законски одредби предвидени во ЗРО, член 200 од службен весник од 2015 година, алинеа 1 каде се кажува: Синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно овој закон,алинеа 2: На синдикалниот претставник заради синдикална активност не може да му сенамали платата или да му се откаже договорот за вработување, понатаму алинеа 6 каде стои:Заштитата пред отказ за лицата од ставот (1) на овој член трае цело време за времето на траењето на мандатот и најмалку две години после престанување на мандатот. Како и други закони и загарантирани работнички права.
Прекршени се Меѓународните конвенции на МОТ и колективниот договор, во кој јасно стои дека членовите на синдикат несмеат да бидат доведени во неповолна ситуација поради членство или не членство во синдикат.
За овие груби прекршувања на Меѓународните конвенции, ЗРО и колективниот договор известени се: Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), како и сите надлежни домашни и меѓународни институции.
ССЕРИ