RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Меѓународна конференција

 

Во организација на Самостојниот Синдикат на работниците од Енергетиката Рударството и Индустријата -СС.ЕРИ ,се одржа Меѓународна конференција во Битола на која зедоа учество и репрезентативните синдикати од Македонија ,Турција , Романија , Црна Гора , Бугарија и Србија ,претставувани од претседателите на нивните синдикати.

На дводневната конференција се разменија искуства од земјите членки на ЕУ и земјите аспиранти за членство во ЕУ за можни решенија со кои можат да се надминат одредени проблеми со кои ќе се сретнат при зачленување во Унијата,исто така и се постигна договор помеѓу учесниците на конференцијата за продлабочување на соработката и размена на искуства.

На долу наведениот линк се и изјавите од Претседателите на синдикатите 

http://www.youtube.com/watch?v=XRTIClFclwU&index=70&list=PL3AE4C058C17DB9C0

На оваа меѓународна конференција зеде учество и Синдикалната подружница на РЕК-Битола.